| четврток, 6 декември 2018 |

Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак

Четворица терористи од Курдистанската работничка партија (ПКК) беа неутрализирани во напади на турската воена авијација во Северен Ирак, соопшти Генералштабот на Армијата.

Антитерористичката операција беше преземена откако беше откриено дека борците на ПКК планирале да спроведат воени напади во Турција.

Воздушните напади беа изведени во областа Авашин-Башан (Северен Ирак).

ПКК, која води вооружена борба против турската држава од 1984 година, се смета за терористичка организација од Анкара, ЕУ и САД. Групата има бази во Северен Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top