| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува бројот на жртвите во Мариупољ – убиени 20 проруски активисти

ukrainska vojska

Украинските сили за безбедност ликвидирале 20 проруски активисти во украинскиот пристанишен град Мариупољ, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

Аваков ги нарече убиените проруски активисти „терористи“. Тој појасни дека тие се убиени во обид да упаднат во зградата во Мариупољ, а таквиот обид прераснал во вистинска битка.

Петмина полицајции се ранети, а четворица сепаратисти се приведени, додаде министерот.

Управата на полицијата во градот е во пламен, додаде Аваков. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top