| четврток, 6 декември 2018 |

ИЕ2: ВМРО-ДПМНЕ 10 пратеника, СДСМ двојно помалку

sobranie-na-rm-640x360

Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави првичните резултати за освоените пратенички места во Парламентот во ИЕ2.

Според обработените податоци од ПВТ примерокот,  во изборна единица 2: Коалиција ВМРО-ДПМНЕ освоила 10 пратенички места, Коалиција СДСМ – 5, ДУИ – 4 и ДПА – 1 мандат.

Тоа значи дека во пратеничките фотељи ќе седнат:

ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Јанкулоска, Трајко Вељаноски, Зоран Ѓорѓиевски, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Весна Дамчевска-Илиевска, Александар Стојкоски, Авдија Пепиќ и Олга Најденовска.

СДСМ: Петре Шилегов, Љубиша Николиќ, Соња Мираковска, Љубица Буралиева и Благоја Стојановски.

ДУИ: Реџаил Исамили, Шкодране Дралишта, Мирван Џемаили и Артан Груби.

ДПА:Орхан Ибраими.

Дел од овие имиња ќе добијат министерски позиции и позиции во владините институции, со што дел од имињата ќе бидат променети.

Споредбено со изборите во 2011 година, ВМРО- ДПМНЕ во оваа изборна единица ќе добие едно пратеничко место плус, а СДСМ две пратенички места помалку.

Извор: Кумановоњуз

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top