
Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави првичните резултати за освоените пратенички места во Парламентот во ИЕ2.
Според обработените податоци од ПВТ примерокот, во изборна единица 2: Коалиција ВМРО-ДПМНЕ освоила 10 пратенички места, Коалиција СДСМ – 5, ДУИ – 4 и ДПА – 1 мандат.
Тоа значи дека во пратеничките фотељи ќе седнат:
ВМРО-ДПМНЕ: Гордана Јанкулоска, Трајко Вељаноски, Зоран Ѓорѓиевски, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Весна Дамчевска-Илиевска, Александар Стојкоски, Авдија Пепиќ и Олга Најденовска.
СДСМ: Петре Шилегов, Љубиша Николиќ, Соња Мираковска, Љубица Буралиева и Благоја Стојановски.
ДУИ: Реџаил Исамили, Шкодране Дралишта, Мирван Џемаили и Артан Груби.
ДПА:Орхан Ибраими.
Дел од овие имиња ќе добијат министерски позиции и позиции во владините институции, со што дел од имињата ќе бидат променети.
Споредбено со изборите во 2011 година, ВМРО- ДПМНЕ во оваа изборна единица ќе добие едно пратеничко место плус, а СДСМ две пратенички места помалку.
Извор: Кумановоњуз
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


