| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ќе ги врачи уверенијата за пратеници

dik11

Државната изборна комисија денеска ќе ги врачи уверенијата на избраните пратеници, откако вчера ги соопшти официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори.

Опозицијата соопшти дека нема да ги прифати мандатите и оти тоа ќе биде потврдено со заверени нотарски изјави на нивните кандидати за пратеници. Неприфаќање на мандатот најави и Руфи Османи, единствениот пратеник на НДП што доби мандат.

На предвремените парламентарни избори од 1.780.128 запишани граѓани уставното право го искористиле 1.120.774 гласачи или 62,96 отсто.

Во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.  Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, за кои најави дека нема да ги прифати.

Конститутивната седница на Собранието се очекува да биде свикана до крајот на неделава, откако спикерот Трајко Вељаноски официјално ќе го добие извештајот од ДИК дека предвремените парламентарни избори 2014 може да се сметаат за завршени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top