| четврток, 6 декември 2018 |

Тито Петковски ги повлече своите

Tito petkovski

– Во недостиг на механизми на заштита од надгласување, НСДП (и здружената опозиција) им го отстапува парламентот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да ја водат Македонија онаму каде што намислиле да ја однесат – посочи денеска Тито Петковски на прес-конференција на НСДП.

Тие сметаат дека власта насилно ја менува волјата на граѓаните и на тој начин им прави ненадоместива штета на македонскиот народ и на државата во целина.

– За Груевски беше важно на вулгарен начин да се мајтапи како ја нокаутирал опозицијата заборавајќи дека опозицијата не се само луѓето кои тој ги гледа како душмани, туку половината од неговиот македонски народ – велат од НСДП.

Од оваа партија на листата се најдоа досегашните пратеници Горан Мисовски и Соња Мираковска, како и бизнисменот Љубомир Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top