| четврток, 6 декември 2018 |

Динамичната „Империја“ ќе ја освојува Европа

esma i lozano
„Им­пе­ри­ја“ е  насловот на песната на со која Ес­ма Ре­џе­по­ва и Влат­ко Ло­за­нов­ски ќе не прет­ста­ву­ва­ат на Ев­ро­сон­гот во Мал­ме,  пот­вр­дуваат од МРТ за Дневник. Автор е Си­ме­он Ата­на­сов,  кој ги нап­ра­ви му­зи­ка­та и аран­жма­нот, а текстот е на Бор­че Не­чов­ски.

– Среќ­на сум што ќе ја прет­ста­ву­вам Ма­ке­до­ни­ја со оваа пес­на, во ко­ја се про­нај­дов це­лос­но. Таа е уба­ва, ди­на­мич­на и бр­зо вле­гу­ва в уво. Има и мно­гу до­бар текст, осо­бе­но ме оду­ше­ву­ва нас­ло­вот „Им­пе­ри­ја“. Со Влат­ко од­лич­но се сло­жу­ва­ме ка­ко во­ка­ли и тоа ч да­ва по­се­бен ква­ли­тет на пес­на­та и на на­ша­та из­вед­ба – ја пренесува Дневник изјавата на Ес­ма.

Ата­на­сов е син на Ре­џе­по­ва и автор бројни неј­зи­ни хи­то­ви. Ев­ро­ви­зис­ки­от тим ин­тен­зив­но се подготвува веќе два ме­се­ци а де­но­ви­ве ќе се ре­а­ли­зи­ра спот за ев­ро­ви­зис­ка­та те­ма. Есма и Влатко ќе пе­ат во вто­ро­то ев­ро­ви­зи­ско по­лу­фи­на­ле, на 14 мај во Мал­ме, Швед­ска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top