„Империја“ е насловот на песната на со која Есма Реџепова и Влатко Лозановски ќе не претставуваат на Евросонгот во Малме, потврдуваат од МРТ за Дневник. Автор е Симеон Атанасов, кој ги направи музиката и аранжманот, а текстот е на Борче Нечовски.
– Среќна сум што ќе ја претставувам Македонија со оваа песна, во која се пронајдов целосно. Таа е убава, динамична и брзо влегува в уво. Има и многу добар текст, особено ме одушевува насловот „Империја“. Со Влатко одлично се сложуваме како вокали и тоа ч дава посебен квалитет на песната и на нашата изведба – ја пренесува Дневник изјавата на Есма.
Атанасов е син на Реџепова и автор бројни нејзини хитови. Евровизискиот тим интензивно се подготвува веќе два месеци а деновиве ќе се реализира спот за евровизиската тема. Есма и Влатко ќе пеат во второто евровизиско полуфинале, на 14 мај во Малме, Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.