Формирана е работа група и се обезбедени финансиски средства за изградба на споменик на гробот на Есма Реџепова, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Заев информира дека согласност од семејството е добиена.
– За жал, имаме проблем околу домот на Есма Реџепова, кој е отворен и го аби времето, а е понуден за јавни простори. Министерството за култура веќе одржа два состанока со дел од членовите на семејството за да можеме да ги завршиме претходните постапки и конечно да влеземе во домот, да го реконструираме, да го одржиме и да биде отворено катче за Ромите и за сите граѓани како споменик на културата. Да биде понуден како што таа оставила во аманет, за општествени дејности – рече Заев.
Извор: Плус инфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.