| четврток, 6 декември 2018 |

Одреден притвор за петмина обвинети во случајот на СЈО „Империја“

Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ пристигнаа во истражниот затвор Скопје откако судија на претходна постапка го прифати барањето на СЈО и им одреди 30 дневен притвор. Во затворот беа префрлени од скопскиот кривичен суд каде по полноќ им беше определен притвор по барање на СЈО.

За останатите тројца осомничени во случајот Империја има одлука, но се чека изготвување на решенијата и спроведување во притвор.

Истрагата е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

СЈО ја отвори истрагата поради сомнежи за децениски финансиски малверзации.

Бизнисменот Орце Камчев е првоосомничен, а тој писмено во текот на денот соопшти дека неговите фирми се отворени за соработка со СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top