Долга колона македонски иселеници во Швајцарија од рано утрово чекаат пред македонското дипломатско-конзуларно претставништво во Берн да го остварат своето гласачко право.
Во Европа најмногу избирачи се пријавени токму во Берн и тоа, 4.131 иселеник. Во 36 дипломатско-конзуларни претставништва на Македонија за гласање на предвремените парламентарни избори се пријавени 23.782 македонски државјани кои работат или се на привремен престој во странство. За вториот круг од претседателските избори, пак, запишани се 8.332 македонски државјани кои ќе гласаат на 34 избирачки места.
Во дипломатските претставништва во Москва и Осло денеска дијаспората гласа само за предвремените парламентарни избори.
Ден пред изборите во Македонија – денеска – гласаат болните и немоќните лица како и затворениците и раселените.
Во избирачкиот список за парламентарните избори се запишани 1.843 затвореници како и 38 внатрешно раселени лица со право на глас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?