| четврток, 6 декември 2018 |

Колкаво богатство ќе поделат Адријана Лима и Марко Јариќ по разводот?

Exclusive... Adriana Lima & Marko Jaric Attend Their Daughter's Christmas Play

Според законите на американската држава Вајоминг, каде што го склучија бракот бразилската манекенка Адријана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ, по разводот заедничкиот имот ќе го поделат на половина.

Колкав имот поседуваат заедно, никој не знае точно, но до јавно достапните информации, познато е дека во недвижнини, фирми и банкарски сметки заедно имаат околу 210 милиони долари. Таа сума наскоро ќе треба да ја поделат со оглед на тоа дека пред да стапат во брак не потпишале предбрачен договор.

Exclusive... Adriana Lima & Marko Jaric Attend Their Daughter's Christmas Play

Од вкупната сума, Јариќ има 160 милиони долари, пари од кошарката и од приватен бизнис, додека Лима располага со 50 милиони долари кои ги заработила како модел и како член на „Викторија сикрет“.

lima4

Јариќ по завршувањето на кошаркарската кариера, од која само во НБА заработил 40 милиони долари, интензивно се посветил на градежниот бизнис и на продажбата на недвижнини. Неколку години успешно ја води агенцијата за недвижнини и инвестиции „Gramercy Real estate“ во Монако, а пет години е во извршниот одбор на групацијата „Orchid“, која има синџир ресторани низ Америка. Се шпекулира дека води ресторани и во Србија преку посредник. Девет години е косопственик и на италијанскиот моден бренд „Macchia J“. Во исто време е партнер на популарниот веб-сајт „Younghollwood“, кој се занимава со производство и продажба на видео и фотоматеријали од светските ѕвезди.

jaric

Од друга страна, Лима најмногу заработила во 2007 и 2008 година – по 9,5 милиони долари. Тогаш таа беше на четвртата позиција на најплатени модели во светот на листата на магазинот „Форбс“. Во следните години заработувала во просек по 7,5 милиони долари.

lima3

 

Меѓу најскапите недвижнини што ги поседуваат се:

Апартман во Њујорк од 5,5 милиони долари

stan-marka-jarica-i-adriane-lime-njujork

jaric njujork2

jaric njujork3

Јахта „Зилендер 44“ од милион долари

jahta laric lima jaric jahta

Вила на островот Индиан Кирк на Флорида од 10 милиони долари

vila-marka-jarica-majami

Вила на Беверли Хилс од 1,9 милиони долари

jaric beverli hils

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top