
Според законите на американската држава Вајоминг, каде што го склучија бракот бразилската манекенка Адријана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ, по разводот заедничкиот имот ќе го поделат на половина.
Колкав имот поседуваат заедно, никој не знае точно, но до јавно достапните информации, познато е дека во недвижнини, фирми и банкарски сметки заедно имаат околу 210 милиони долари. Таа сума наскоро ќе треба да ја поделат со оглед на тоа дека пред да стапат во брак не потпишале предбрачен договор.

Од вкупната сума, Јариќ има 160 милиони долари, пари од кошарката и од приватен бизнис, додека Лима располага со 50 милиони долари кои ги заработила како модел и како член на „Викторија сикрет“.

Јариќ по завршувањето на кошаркарската кариера, од која само во НБА заработил 40 милиони долари, интензивно се посветил на градежниот бизнис и на продажбата на недвижнини. Неколку години успешно ја води агенцијата за недвижнини и инвестиции „Gramercy Real estate“ во Монако, а пет години е во извршниот одбор на групацијата „Orchid“, која има синџир ресторани низ Америка. Се шпекулира дека води ресторани и во Србија преку посредник. Девет години е косопственик и на италијанскиот моден бренд „Macchia J“. Во исто време е партнер на популарниот веб-сајт „Younghollwood“, кој се занимава со производство и продажба на видео и фотоматеријали од светските ѕвезди.

Од друга страна, Лима најмногу заработила во 2007 и 2008 година – по 9,5 милиони долари. Тогаш таа беше на четвртата позиција на најплатени модели во светот на листата на магазинот „Форбс“. Во следните години заработувала во просек по 7,5 милиони долари.

Меѓу најскапите недвижнини што ги поседуваат се:
Апартман во Њујорк од 5,5 милиони долари



Јахта „Зилендер 44“ од милион долари

Вила на островот Индиан Кирк на Флорида од 10 милиони долари

Вила на Беверли Хилс од 1,9 милиони долари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


