Изминативе недели главна тема на медиумите од овој простор беше, како што многумина ја нарекуваат, шпанската серија.
Во неа главните улоги ги толкуваа фолкерот Аца Лукас, неговата поранешна жена Соња и славниот кошаркар, Марко Јариќ.
И додека на сите им е јасно дека Лукас брзо се снајде уживајќи во прегратката на 21 години помладата Бранислава Пашајлија, судбината на другите актери на љубовниот триаголник сè уште не е позната. Што ќе се случува понатаму со учесниците во аферата, одговор дава астрологот Невенка Блажик.
-Врз основа на хороскопскиот знак на Марко Јариќ може да се заклучи дека тој е голем шармер, често понесен од атмосферата заборава на границите меѓу пријателското дружење и конкретниот флерт, па важи за Дон Жуан, маж што не е верен ни постојан со своите емоции. Во Марковата карта се гледа дека тој ја има Венера во знакот на Скорпија, а Месечината во знакот на Риби. Оваа комбинација може да донесе титула на прељубник, дури и ако ништо не се случи, бидејќи тој самиот никогаш нема ни да ги потврди ни да ги демантира обвинувањата за афера или паралелна врска. Ако и постои можност за врска меѓу Соња и Марко, таа ќе биде релативно кратка. Тие имаат различен карактер и различни животни цели – вели астрологот.
Со оглед на тоа дека Марко неколку денови помина во Црна Гора со децата и поранешната сопруга Лима, се појавија шпекулации дека тие ќе се смират. Тоа падна во вода кога Лима замина во Бодрум кај своето ново момче. Сепак, според видувањата на астролозите, Лима и Марко, сепак, набрзо ќе ја обноват љубовта.
-Кај Марко сè укажува на можност за чести раскинувања, па смирувања, па раскинувања, па смирувања со партнерката, во овој сучај со мајката на неговите деца, Лима – порача Блажик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.