| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети повторно се однесува како поп

Многумина ја знаат старата народна приказна за попот што се давел во река и не сакал да ја пружи раката додека селаните му велеле „дај попе рака“. Се согласил да биде спасен дури откако на некој итрец му текнало да рече „на попе рака“

Kolumna86-1

Стек­на­ти­от реф­лекс на ли­де­рот на ДУИ, Али Ах­ме­ти, не му доз­во­лу­ва да ја пру­жи сво­ја­та ра­ка ко­га не­кој му ја ба­ра, ту­ку са­мо ко­га дру­ги­от му ја да­ва. Со дру­ги збо­ро­ви, Ах­ме­ти ја из­гра­ди сво­ја­та по­ли­тич­ка фи­гу­ра на ба­ра­ња и нив­ни ис­пол­ну­ва­ња од сво­и­те по­ли­тич­ки парт­не­ри и про­дол­жу­ва да се од­не­су­ва та­ка и на овие из­бо­ри. Ре­чи­си си­те не­го­ви јав­ни по­ра­ки до­се­га би­ле по­вр­за­ни со ос­тва­ру­ва­ње на пра­ва­та на Ал­бан­ци­те и ре­чи­си се­ко­гаш се ра­бо­те­ло за од­нос во кој тој ба­ра не­што, а дру­ги­от тре­ба да ги ос­тва­ри не­го­ви­те ба­ра­ња. Освен во на­ста­пи­те од це­ре­мо­ни­ја­лен ка­ра­ктер или во „дип­ло­мат­ска­та офан­зи­ва“, во по­ли­тич­ки­те обра­ќа­ња тој се­ко­гаш е ба­ра­те­лот. Ра­ка на ср­це, нај­го­лем дел од не­го­ви­те ба­ра­ња се ос­тва­ру­ва, во во­е­ни или во мир­но­вре­мен­ски ус­ло­ви. Трг­ну­вај­ќи од по­зи­ци­ја­та де­ка ка­ко до­ми­нан­тен по­ли­тич­ки фа­ктор во ал­бан­ска­та сре­ди­на лес­но мо­же да вли­јае врз ста­бил­но­ста на зем­ја­та, Али Ах­ме­ти и на овие из­бо­ри ре­ши да оди со ус­ло­ви. Ин­си­сти­ра­ше на кон­сен­зу­а­лен пре­тсе­да­тел иа­ко не по­ну­ди ни­ту име ни­ту про­фил на та­ков кан­ди­дат. Ду­ри и ви­со­ки чле­но­ви на ДУИ не мо­жат со си­гур­ност да ка­жат ка­ков тре­ба да би­де кон­сен­зу­ал­ни­от кан­ди­дат зад кој би за­ста­на­ла и ДУИ.

Republika86-cover(Целиот текст можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република (бр.86), кој ќе биде во продажба од утре – петок, 25.04.2014)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top