Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека во моментот не е време за предвремени парламентарни избори. Според партијата, со изборите ќе се наруши динамиката на имплементацијата на договорот од Преспа, што, како што велат од партијата, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и Европската Унија.
Централното претседателство на ДУИ на денешната седница ги разгледуваше актуелните состојби настанати по одржувањето на консултативниот референдум за влез на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа. Според партијата, бројката од 610 илјади граѓани што се изјасниле позитивно јасно ја отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа.
-ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуван договор претставува меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè, од САД, Европската Унија и земјите членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот на Република Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на договорот од Преспа – велат од партијата.
Исто така, од таму соопштија дека ДУИ одлучила дека во моментот приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира договорот од Преспа во парламентот. Партијата упати повик до преостанатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името
-
Немири во ДУИ, се судрија Хазби Лика и Бујар Османи