Стекнатиот рефлекс на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не му дозволува да ја пружи својата рака кога некој му ја бара, туку само кога другиот му ја дава. Со други зборови, Ахмети ја изгради својата политичка фигура на барања и нивни исполнувања од своите политички партнери и продолжува да се однесува така и на овие избори. Речиси сите негови јавни пораки досега биле поврзани со остварување на правата на Албанците и речиси секогаш се работело за однос во кој тој бара нешто, а другиот треба да ги оствари неговите барања. Освен во настапите од церемонијален карактер или во „дипломатската офанзива“, во политичките обраќања тој секогаш е барателот. Рака на срце, најголем дел од неговите барања се остварува, во воени или во мирновременски услови. Тргнувајќи од позицијата дека како доминантен политички фактор во албанската средина лесно може да влијае врз стабилноста на земјата, Али Ахмети и на овие избори реши да оди со услови. Инсистираше на консензуален претседател иако не понуди ниту име ниту профил на таков кандидат. Дури и високи членови на ДУИ не можат со сигурност да кажат каков треба да биде консензуалниот кандидат зад кој би застанала и ДУИ.
(Целиот текст можете да го прочитате во најновиот број на неделникот Република (бр.86), кој ќе биде во продажба од утре – петок, 25.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.