Ова е историски момент за земјата и се надевам дека граѓаните мирно и достоинствено ќе излезат и ќе гласаат според нивното убедување, било да е тоа „за“ или „против“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети откако гласаше во Зајас.
„Според моите информации досега сѐ се одвива мирно, достоинствено и без никакви проблеми. Од утре очекувам сите да работиме за да бидеме што поблиску до ЕУ и НАТО, бидејќи особено во последните 15 години речиси сите сме работеле во тој правец. Треба да работиме во правец на мирот и стабилноста, да имаме добар судски систем, да има економски развој, инвестиции и достоинство за сите, како и функционални институции. Сѐ тоа во функција на мирот и стабилноста не само кај нас, туку во целиот регион на овој дел на Европа“, рече Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.