Овој состав на Собранието има мандат за решавање на прашањата со соседите и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, и со нивната денешна одлука, граѓаните го делегираа правото на одлуки на пратениците и институциите на земјата, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој додаде дека денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите, за демократијата.
– Јас и Демократската унија за интеграција најпрво рековме дека одлуката припаѓа на институциите на земјата, избрани легитимно и со целосен капацитет за донесување одлуки. Денес, граѓаните на земјата ја дадоа одлуката за Собранието на Република Македонија и пратениците избрани на легитимни и демократски избори – истакнува Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.