| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги остави струмичани во кал и ѓубриво (ФОТО)

Улици со дупки, кал, ѓубре и насобрана вода. Фотографиите кои ни ги испратија загрижени струмичани покажуваат во какви услови живеат граѓаните за кои Заев вети дека ќе работи посветено, објави Канал 5.

ulici-strumica3

Вистинска борба е да се пешаци по улиците со кал и дупки, а неподнослива смрдеа се шири од купиштата ѓубре кои ги има на повеќе места.

ulici-strumica4

Заев, наместо да ги превземе работите во свои раце, остана во удобната фотелја на Бихаќка, чекајќи ги изборите. Во пресрет на 27-ми април, тој одлучи да држи помпезни прес-конференции на кои презентира наводни скандали, кои веќе беа со докази окарактеризирани како фалсификати.

ulici-strumica5

Тој обвинува неосновано, а не погледна во “сопствениот двор“. Сакајќи да го убеди членството дека ќе победи на следниве избори и дека ако не победи изборите нема да бидат демократски, Зоран заев заборави на струмичани. Додека тој посветено работи  со својот бизнис и партиската функција, не најде време да им овозможи на струмичани да живеат во нормални услови.

ulici-strumica6

Пратеникот Славе Гошев уште одамна обвинуваше дека Зоран Заев, не се грижи за потребите на граѓаните на општина Струмица. Него приоритет му беа СДСМ и неговите бизнис интереси, обвини пратеникот.

ulici-strumica9

За состојбата во која се наоѓа градот, често реагираат и загрижени струмичани.

ulici-strumica10

ulici-strumicaa

ulici-strumioca2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top