Улици со дупки, кал, ѓубре и насобрана вода. Фотографиите кои ни ги испратија загрижени струмичани покажуваат во какви услови живеат граѓаните за кои Заев вети дека ќе работи посветено, објави Канал 5.
Вистинска борба е да се пешаци по улиците со кал и дупки, а неподнослива смрдеа се шири од купиштата ѓубре кои ги има на повеќе места.
Заев, наместо да ги превземе работите во свои раце, остана во удобната фотелја на Бихаќка, чекајќи ги изборите. Во пресрет на 27-ми април, тој одлучи да држи помпезни прес-конференции на кои презентира наводни скандали, кои веќе беа со докази окарактеризирани како фалсификати.
Тој обвинува неосновано, а не погледна во “сопствениот двор“. Сакајќи да го убеди членството дека ќе победи на следниве избори и дека ако не победи изборите нема да бидат демократски, Зоран заев заборави на струмичани. Додека тој посветено работи со својот бизнис и партиската функција, не најде време да им овозможи на струмичани да живеат во нормални услови.
Пратеникот Славе Гошев уште одамна обвинуваше дека Зоран Заев, не се грижи за потребите на граѓаните на општина Струмица. Него приоритет му беа СДСМ и неговите бизнис интереси, обвини пратеникот.
За состојбата во која се наоѓа градот, често реагираат и загрижени струмичани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.