СВР Куманово поднесе кривична пријава за С.Л.(38) од Куманово за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
На 6 април годинава на ул. „Ленинова“ во Куманово од страна на полицискиот службеник запрен е пријавениот, кој управувал патничко возило „пасат“ во спротивна насока на движење, по што тој со нога го удрил полицискиот службеник во коленото, а потоа го влечел за десниот ракав од униформата.
Од страна на судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.