Ренова го изненади фаворитот Турново и одигра реми, 1-1, против кандидатот за титулата во македонското фудбалско првенство, а патем и ја спаси честа на гостинските екипи во попладневните дуели од 16 часот. На останатите три меча од 29. коло славеа домашните екипи.
Турново поведе со голот на Ејупи во третата минута, а Рамадани со прецизен удар во 20. минута и донесе вреден бод на Ренова во битката за опстанок. Турново подзапре во битката за титулата и има 51 бод, два помалку од водечкиот тандем Работнички и Металург.
Шкендија продолжи со добрите игри и со 4-0 го декласира испаднатиот Напредок, а убедливи победи забележаа и Еуромилк против Македонија Ѓ.П со 3-1, одоносно Брегалница против Гостивар со 3-0. Од 13 часот во скопското дерби Металург на гости го совлада Работнички со 2-1.
Од 18 часот во вечното македонско дерби Вардар ќе игра со Пелистер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


