На 9 дена пред САД и 1 ден пред закажаната премиера во Македонија, вистинските Спајдермен фанови ќе имаат можност да ја погледнат новата авантура на човекот пајак. Ексклузивната претпремиерна проекција во Синеплекс е закажана за вечерва во 20 часот во „Синеплекс“.
-Сакавме овој филм да биде поразигран, многу позабавен – вели режисерот Марк Веб. Отсликувањето на остроумоста на Питер Паркер – особено како човек-пајак – беше можеби најзначајната работа која Веб сакаше да ја направи. Ги гледаш стриповите и тука се неговите досетки, неговата смисла за хумор, неговите квалитети. Тоа е нешто што многумина го сакаат кај човекот-пајак, и секако нешто што јас го сакам кај него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.