| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед реди порази, сметката со отказ ја плати Мојес

Манчестер јунајтед има лоша сезона и клубот по долги години веројатно ќе остане без европски настап, а сметката со отказ ја плати менаџерот Дејвид Мојес.

Утринава Управата на „црвените ѓаволи“ одлучи да ја прекине соработката со тренерот, поради слабите резултати. До крајот на сезоната Јунајтед од клупата ќе го предводи Рајан Гигс, легендата на клубот и се уште активен играч на тимот од „Олд Трафорд“. Од лето се најавува мега-трансфер на Јирген Клоп во Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top