| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Диви ќе „подиви“ – Комитите во транс

Голманот на Вардар и на Македонската репрезентација Петар Ангелов кој меѓу навивачите е познат под прекарот Диви денеска  беше маестрален против  Фленсбург.

Ангелов со своите 18 одбрани беше столбот на Вардар кој не дозволи на реваншот Германците да пристигнат во Скопје со поголема разлика од два гола.

По секоја одбрана Ангелов се радуваше и ги бодреше своите соиграчи кои на моменти паѓаа со темпото но тоа веднаш го елиминираше Ангелов со своите бравурозни интервенции и реакции по секој одбранет или примен гол.

На Викпедиа за него го пишува следново:

Петар Ангелов е роден на 8 март 1977 Кавадарци. Во својата плодна кариера има играно во македонските ракометни клубови РК Тиквеш, РК Металург, РК Пелистер и Вардар ПРО како и во францускиот РК Трембле ан Франс.

Ангелов настапува и за македонската ракометна репрезентација и го носи прекарот „Диви“ поради неговата способност да направи добра атмосфера како на теренот така и на трибините, особено при неговите одбрани. Тој е познат уште како и специјалист за пенали.

За светското првенство во Шпанија 2013 година Петар Ангелов не беше повикан од страна на селекторот Звонко Шундовски, а за негова замена е повикан голманот на Металург Никола Митревски. Со тој потег македонската ракометна јавност упати голем број критики на страна на Звонко Шундовски.

Со смената на селекторското место, Ангелов е повторно повикан и настапи со македонската репрезентација на европското првенство во Данска во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top