Проруски активисти на „Антимајдан“ прогласија денеска свој регион – Народна Република Одеса – и ги повикаа граѓаните да го блокираат сообраќајот во градот, јави радиото „Глас на Русија“.
– Од денеска, регионот на Одеса станува Народна Република Одеса, во која власта му припаѓа на народот кој живее на нејзина територија – се вели во соопштението на официјалната веб-страница на „Антимајдан“.
Активистите ги повикаа граѓаните да го блокираат сообраќајот во Одеса и обележаа 153 места на мапата која треба да биде блокирана. Планирано е да се запрат сите видови превоз, со исклучок на возилата на Брза помош.
– Од утре до 16 часот, Одеса мора буквално да биде блокирана. Секој што досега не сфатил дека војната дошла на наша врата, не треба да се оди утре на работа – соопштија активисти на „Антимајдан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Планирал напад како во Берлин: Украина на нозе: Потера по човекот кој на мајка и ќерка им ги отсекол главите
-
Манчестер јунајтед триумфално низ Одеса, првенец за Мхитаријан (видео)
-
Мечот Зорја – Манчестер јунајтед пред одложување, целосно е замрзнат теренот во Одеса (видео)
-
Најмалку 14 загинати при бродолом крај Одеса