| четврток, 6 декември 2018 |

Француските медиуми опширно известуваат за изборите во Македонија

franc med

Уште една нова победа за ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат Ѓорге Иванов доби широка победа со 52 проценти од гласовите, но поради слабиот одѕив, потребен е втор круг, пишува „Курие де Балкан“, специјализиран франкофонски портал за Балканот, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Иванов води за вториот круг, пишува „БФМТВ“, нагласувајќи дека шефот на македонската држава во вториот круг ќе се соочи со Стево Пендаровски, кандидатот на опозициската СДСМ.

Франкофонските медиуми посебно го забележуваат големото отсуство на избирачите од албанската заедница, „РФИ“ тука го дава примерот со Зајас и Кичево каде што гласале само 10-15 проценти од запишаните гласачи.

– Македонците гласаа во првиот круг од претседателските избори, кои се тест за партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ само две недели пред парламентарните избори – пишува е-изданието на париските весници „Либерасион“ и „Паризиен“, анализа која ја дели и меѓународното француско радио „РФИ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top