| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар шампионски во СЕХА-лигата, „црвено-црните“ по вторпат најдобри во регионот

Вардар доминира во Регионалното натпреварување и по вторпат е шампион на СЕХА-лигата. Победата против Мешков Брест во финалето во Нови Сад со 29-27 им донесе на „црвено-црните“ прв трофеј сезонава, втор во ова натпреварување откако славеа и на премиерното издание.

Извонредниот Тимур Дибиров се врати на ракометните терени по паузата поради повреда на окото и го покажа сиот раскош. Руското крило постигна 11 погодоци од 12 обиди, и со вистинска симултанка си поигруваше со одбраната на белорускиот состав. Игор Карачиќ и Алекс Дујшебаев беа стрелци на по 4 погодоци, а Немања Прибак даде 3 гола.

На голот на Вардар блескаше и шпанскиот интернационалец Ињаки Малумбрес со 10 одбрани, со што споставот на Вардар уште еднаш потврди дека е во одлична форма и дека има адути за најважниот меч сезонава, тој против Фленсбург во Германија на 21 април и 5 дена подоцна во Скопје, како дел од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Во меч за третото место на турнирот, Загреб го совлада Татран Прешов со 36-28.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top