| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: До 10,45 часот на гласање излегле 9,16 отсто од гласачите

Портпаролката на ДИК, Биљана Јовановска, нагласи дека не се добиени податоци од сите избирачки места, како и дека процентот на излезност постојано се менува

dik2014 (12)

До 10,45 часот на гласање за првиот круг од претседателските избори во Македонија излегле 9,16 отсто од запишаните гласачи, објави Државната изборна комсија (ДИК).

Портпаролката на ДИК, Биљана Јовановска, нагласи дека не се добиени податоци од сите избирачки места, како и дека процентот на излезност постојано се менува.

Според податоците што ДИК ги добила до 10:45 минути, правото на глас го оствариле вкупно 139.846 гласачи, што е 9,16 проценти од вкупниот број запишани гласачи кој изнесува 1.779.572. Најголем одѕив имало во Прилеп, каде гласале  8.503 гласачи, односно 15,43 отсто од вкупниот број на запишани гласачи. Голема излезност има и во Битола, каде гласале 8.191 лице, што е 13 проценти од гласачкото тело.
Правото на глас го оствариле и 5212 жители на Струмица, што е 10,81 отсто од запишаните гласачи.
Во Штип гласале 5 .811 лице, или 13,94 отсто, во скопската општина Гази Баба 5.635, што е 9,21 отсто, во Куманово правото на глас го оствариле 6.643 гласачи, или 7,37 отсто, додека во Велес гласале 6.793 граѓани, односно 14,59 проценти.
Најголема излезност во скопските општини имало во Ѓорче Петров, каде гласале 3.866 граѓани, што е 10,59 отсто, следи Аеродром со 6.696 граѓани кои гласале, што е 10,47 проценти, а голема излезност имало и во Центар, каде гласале 4.315 или 10,08 отсто.
Најслаба излезност има во Арачиново, каде излегле само 80 гласачи, а ниска излезност ДИК забележала и во општините Боговиње, Врапчиште, Дебар и Центар Жупа.
Јовановска информираше дека се отворени сите 3.480 избирачки места, како и дека сé тече според предвиденото и  нема регуларности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top