
Според Општинската изборна комисија во Прилеп гласањето во првиот круг од претседателските избори се одвива непречено и во мирна атмосфера. До 10 часот на гласање излегле 15 отсто од запишаните 64.567 избирачи кои своето право на глас го остваруваат на 142 гласачки места.
Како што информираат од изборната комисија во Кривогаштани од 4.743 избирачи до 10 часот гласале 9 отсто, а во општина Долнени од запишаните 11.037 до 10 часот своето право на глас го оствариле 3,1 отсто од гласачите. Во општина Крушево од 8.144 граѓани со право на глас до 10 часот на 23-те избирачки места излегле 11,6 отсто.
Гласањето во општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево досега се одвива мирно и непречено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Исчезнато 21 – годишно момче од Прилеп
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?


