Шпанија ја победи Македонија со 10-0 во вториот меѓусебен меч на женските репрезентации во втората квалификациска група за настап на СП.
Првиот дуел во Шпанија заврши со уште повисок пораз за македонските фудбалерки, кои загубија од „црвената фурија“ со 12-0. Денеска примивме десетка, или вкупно неверојатни 22 гола во двомечот со лидерот од втората квалификациска група.
Бермудес и Хермосо по трипати ја затресоа мрежата на Македонија на игралиштето во населбата Аеродром, двапати погоди Калдерон, а по еднаш прецизни беа Торехон и Паблос.
Шпанија од 7 натпревари има 19 бода на првото место со гол-разлика 34-2, а сосема обратно е со девојките од македонската репрезентација. По 5 одиграни натпревари сме последнопласирани без ниту еден бод и со катастрофална гол-разлика од 2-36.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.