Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори.
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов ќе одржи митинзи во Демир Хисар и во Битола, а партијата ќе има претставување на изборната програма во Могила и во Новаци.
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, ќе посети повеќе скопски општини, како и тетовскиот регион. Партиското раководство ќе има средби со граѓани за изборната програма во Пробиштип и во Куманово.
Митинг во општина Карпош ќе одржи кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, кој ќе има средби и со граѓани на општина Аеродром, а кандидатот за претседател на ДПА, Илјаз Халими, и кандидатите за пратеници ќе се претстават на митинзи во Тетово.
ДУИ ќе одржи митинг за парламентарните избори во Боговиње.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.