| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Битола и Демир Хисар, Пендаровски во Скопско, Поповски во Аеродром, Халими во Тетово

Претседателски кандидати 2014

Политичките партии денеска ја продолжуваат претседателската и кампањата за предвремените парламентарни избори.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов ќе одржи митинзи во Демир Хисар и во Битола, а партијата ќе има претставување на изборната програма во Могила и во Новаци.

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, ќе посети повеќе  скопски општини, како и тетовскиот регион. Партиското раководство ќе има средби со граѓани за изборната програма  во Пробиштип и во Куманово.

Митинг во општина Карпош ќе одржи кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, кој  ќе има средби и со граѓани на општина Аеродром, а кандидатот за претседател на ДПА, Илјаз Халими, и кандидатите за пратеници ќе се претстават на митинзи во Тетово.

ДУИ ќе одржи митинг за парламентарните избори во Боговиње.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top