Во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во Промотивниот центар во рамките на Саемот на книга, се одржа ексклузивен книжевен настан- „Средба со наградени автори – добитници на најзначајните книжевни награди во Република Македонија“.
Книжевната средба е дел од програмата на Националната библиотека на Република Македонија за претставување и поширока афирмација на врвните достигнувања во македонската книжевност. Модератор на средбата беше писателот Блаже Миневски, а со извадоци од наградените дела учествуваат авторите: Владимир Плавевски (Роман на годината), Ристо Ѓ. Јачев („Браќа Миладиновци“), Илхами Емин (Рациново признание), Братислав Ташковски („Ацо Шопов“), Владимир Мартиновски („Димитар Митрев“), Сашо Тасевски („Најчитан автор“) и Александар Кујунџиски („Ванчо Николески“).
Организаторот информираше дека писателот Венко Андоновски, добитник на наградата „Стале Попов“, не е во можност да присуствува на средбата заради престој во Русија, каде ќе му биде врачена меѓународната награда „Југра“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.