| четврток, 6 декември 2018 |

Исидора Бјелица гостинка на „Три“ на скопскиот Саем на книга

Isidora Bjelica

Денеска, на првиот ден од Саемот на книгата во Скопје, 8 април, во 18 часот, на штандот на издавачката куќа „Три“, ексклузивна гостинка е српската писателка Исидора Бјелица. „Три“ го објави нејзиниот последен роман „Спас“.

Бјелица мометно е најславната српска писателка, која има богат опус од 60 книги. Последната, „Спас“ е продадена во 200.000 примероци. Бјелциа, конечно, ќе ѝ се претстави на македонската публика!

– Ова гостување е многу повеќе од промоција на „Спас“. Тоа е споделување на најинтимната и најболната тајна, на патешествието, страдањето и исцелувањето. На средбата со смртта и на одлучноста да не се предаде. На душевниот аџилак и на аџилакот низ светот за да се најде спасоносниот лек. И, конечно, да се сподели тајната на оздравувањето – велат од „Три“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top