Ракометарите на Вардар се загреваат за историскиот дуел против Фленсбург во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а предигра за двомечот со Германците ќе им биде настапот на завршниот турнир во СЕХА-лигата.
В петок против Загреб „вардарци“ ќе го играат полуфиналето, а ако победат ќе бидат дел од финалето и мечот за титула, два дена подоцна, во недела на 13 април.
Завршниот турнир во Регионалната лига ќе се игра во Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.