Навидум обични семејства, луѓе од соседството, кои живеат мирен и спокоен живот. Меѓутоа, оваа слика на конвенционални семејства, кои сосема „обично“ го минуваат своето секојдневие, се разликува од сето тоа што, всушност, ги поврзува и се случува меѓу нив. Судбините на овие две семјства се проткаени со неверства и афери – неморалноста ги поврзува во синџир од кој не можат да излезат без да ги повредат своите најмили, ги зема во своите канџи, кои ги тераат да се прашаат што е правилно и како да продолжат да живеат живот полн со лаги и измами.
Ова е тематиката на најновата книга на Тес Стимсон, светскиот бестселер, кој за кратко ги освои читателите низ целиот свет, насловен „Во канџите на неверството”. Приказните за неморалноста, кршењето на етичките норми, предизвикувањето на својата судбина како и животот во страв од можноста да се биде фатен во неверство се основните чувства што ја отсликуваат книгата. Навлегувајќи во нејзината содржина, судбините на Ела, Џексон, Вилијам, Бет и Кејт раскажуваат за пет човечки судбини.
„Во канџите на неверството“ е супериорна приказна за неморалот и за страста. Испреплетени приказни на две семејства поврзани преку копнежот, желбата и љубовта преточени во блудна афера.
Дали детското молбено барање ќе успее да ја потикне чесноста и да го надвладее неморалот? Дали вистинската љубов ќе исплива од синџирот на неверството? Дали трагедијата на едно од семејствата може да донесе нешто добро? Ова се клучните прашања за кои ќе се запрашате читајќи го романот, кој „Дејли меил“ топло го препорача, нарекувајќи го „супериорна приказна за неморалност и страст“.
Преводот на светскиот бестселер „Во канџите на неверството“ на македонски јазик ќе можете да го најдете на штандот на издавачката куќа Култура, на 26. Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 април 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.