| четврток, 6 декември 2018 |

Кандидатските листи на проверка кај лустраторите

Комисијата за верификација на фактите денеска ќе работи цел ден и ќе ги прифаќа листите од општинските изборни комисии за да може да ја исполни својата законска обврска за проверка на кандидатските листи за градоначалници и советници.

Крајниот рок за доставување на изборните листи истече синоќа на полноќ. Државната изборна комисија најави дека утре ќе ги соопшти официјални информации за поднесените кандидатури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top