| четврток, 6 декември 2018 |

Обработени над 17 илјади пријави за гласање од дијаспората

glasanje-480x320

Државната изборна комисија (ДИК) до денеска обработила 17.895 пријави од македонски државјани во странство кои се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори закажани за 27 април. Оваа бројка ќе се зголеми откако ќе бидат обработени другите пристигнати пријави, кои како што велат од ДИК, ги има во голем број.

Само денеска ДИК прифати 2.077 пријави, а за 58 смета дека не ги исполнуваат условите.

На денешната седница Комисијата го утврди избирачкото ливче за претседателските избори за изборните единици во странство 7,8 и 9. Ливчето ќе биде на македонски јазик, а името на кандидатот на ДПА Илијаз Халими ќе биде напишано и на албански јазик.

Се очекува ДИК вечер да одржи утре една седница на која треба да ги утврди листите на кандидати за пратеници за кои недостасуваа потребните документи. Рокот од 48 часа завршува околу 21 часот.

Утре треба да се одржи жребувањето за редоследот на кандидатските листи на избирачкото ливче за предвремените парламентарни избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top