| четврток, 6 декември 2018 |

Детенце преживеало хорор го заклучиле и измачувале со денови

Родители на едно момче од Тексас се уапсени откако е откриено дека малтретирале и измачувале петгодишно детенце.

Полицијата од Тексас дојде во куќата на 33-годишниот Тим и 24-годишната Бредли кои откако се скарале со нејзиното синче, го заклучиле и го измачувале со денови.

Кога полицијата стигнала на местото на настанот и го пронашла детенцето, сликата била ужасна. Детето било изгладнето речиси до смрт, му се познавале сите коски на телото, и делувало како да е излезено иизмачувано во Аушвиц.

Командирот на полицијата вели дека никогаш не видел нешто слично во кариерата. – Долго време работам но ова беше шок. Детето е буквално неухрането. Беше полно со модринки и спиеше на валкан душек, вели тој.

Инаку, мајката на детето е бремена со шестото дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top