| четврток, 6 декември 2018 |

Карачиќ: Дочекот од Комитите е најубавиот момент во кариерата

Повеќе од 300 навивачи на ракометниот клуб Вардар на скопскиот аеродром ги пречекаа момците кои вчера направија вистинско ракометно уживување, совладувајќи го европскиот шампион Хамбург. Доаѓаа со приватни автомобили, со автобуси, автостоп. Велат сакаат Вардар да игра на завршниот турнир.
vardar-precek-komiti-3

Голманот на Вардар, Петар Ангелов, зборуваше за пеналот што го одбрани во пресуден момент:

– Во тој момент бев смирен. Сепак, имам искуство од 20 години и едноставно го направив тоа што е потребно. Сите во тимот се професионалци и го одработивме тоа што се бараше и очекуваше од нас. Ова е успех. Не знам како да го опишам. Вардар оди напред. Тоа е најважно. Го победивме европскиот шампион и со тоа докажавме дека можеме да се надеваме на фајналфор.
vardar-precek-komiti-4

Игор Карачиќ вели дека до денеска мислел денот на победата над Хамбург е најубавиот ден во неговата кариера:
– Но, кога го гледам овој пречек, се демантирам себеси. Сега ги доживувам најубавите моменти во кариерата. Не можам да верувам. Им благодарам на навивачите за атмосферата што ја направија. Верувам дека ќе биде така и по натпреварот од четврт-финалето.

vardar-precek-komiti-1

Тој вели дека кога би можел да го избира следниот противник, изборот би паднал на Флензбург.

Раул Гутиерез, пак, се обидува да ја смири еуфоријата:

– Игравме добро. Бевме добри и  во напад, игравме добро во одбрана. Голманот ни беше одличен. Имавме и добра ротација. Сега не треба да нѐ фаќа еуфорија. Ајде, полека! Сега треба да уживаме во моментот и да не мислиме на следниот противник.
Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top