| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен е конкурсот за упис во средните училишта

spiro-ristovski

Денеска е објавен конкурсот за упис во средните училишта во Македонија во кој има 35.185 слободни места за запишување. Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, најави низа новини за учениците кои оваа година ќе се запишуваат во средните училишта.

– Една од новините се 13 реформирани струки за тригодишно средно образование коишто ги работевме заедно со ЕУ, односно со поддршка во делот на реформирањето на тригодишното образование – рече Ристовски.

Оваа година се отворени комплетно ново паралелки за ново формираното средно медицинско училиште во Гостивар, во Охрид  гимназијата е поделена на две посебни училишта во кои ќе има  стручно и гимназиско образование. Проширени се дел од квотите во дел од стручните, поточно во дел од медицинските и останататите струки.

– Последната новина е во тоа што во огласот оваа година се објавени и 7 дисперзирани одделенија на Спортската гимназија коишто ќе бидат дисперзирани и нивната активност ќе се спроведува на територијата на целата држава во различни градови – потенцираше Ристовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top