| четврток, 6 декември 2018 |

Скок на македонските тенисери на листата на АТП, Ѓоковиќ ја топи разликата со Надал

По освојувањето на турнирот во Мајами, Новак Ѓоковиќ ја намали разликата со Рафаел Надал на светската ранг-листа на АТП.

Ѓоковиќ сега има 11.810 бода, додека Надал е на првата позиција со 13.730.

Напредок во првите десет оствари и Томаш Бердих, кој од седмата дојде на петтата позиција. На третата позиција е Станислас Вавринка со 5.740, а на четвртото место е Швајцарецот Роџер Федерер.

Димитар-Грабуловски

Двајцата најдобри македонски тенисери Димитар Грабул и Томислав Јотовски направија нов скок на листата на АТП. Грабул со 67 поени се наоѓа на 509 место и има скок од три позиции. Томислав Јотовски сега е на 770 позиција со напредок од 24 места. За двајцата тенисери ова е најдобриот ранг во кариерата.
Лина Ѓорческа на ВТА го бележи својот најдобар ранг во кариерата и со новите бодови освоени на фјучрсот во Анталија се проби на 499. место и има скок од 21 позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top