По освојувањето на турнирот во Мајами, Новак Ѓоковиќ ја намали разликата со Рафаел Надал на светската ранг-листа на АТП.
Ѓоковиќ сега има 11.810 бода, додека Надал е на првата позиција со 13.730.
Напредок во првите десет оствари и Томаш Бердих, кој од седмата дојде на петтата позиција. На третата позиција е Станислас Вавринка со 5.740, а на четвртото место е Швајцарецот Роџер Федерер.
Двајцата најдобри македонски тенисери Димитар Грабул и Томислав Јотовски направија нов скок на листата на АТП. Грабул со 67 поени се наоѓа на 509 место и има скок од три позиции. Томислав Јотовски сега е на 770 позиција со напредок од 24 места. За двајцата тенисери ова е најдобриот ранг во кариерата.
Лина Ѓорческа на ВТА го бележи својот најдобар ранг во кариерата и со новите бодови освоени на фјучрсот во Анталија се проби на 499. место и има скок од 21 позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.