
Српскиот претседател Томислав Николиќ побарал од српската дијаспора да биде единствена на средба со иселениците во Австрија. Николиќ нагласил дека при посетите на странски земји немал многу можност да види слога меѓу Србите кои живеат во странство, а како особено негативен го навел примерот на „малата“ Македонија, во која, како што рекол, има осум здруженија на Срби, но не разговараат меѓусебно.
– Ве молам, бидете единствени! Преку вас другите ја ценат Србија – апелирал Николиќ до српските иселеници во странство.
Тој им порачал дека Србија наскоро ќе добие нова влада, која ќе биде посветена на европските интеграции, но и на соработка со сите пријатели во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Журнал: Убиецот од Швајцарија активист на СДСМ во дијаспората и близок пријател на Заев
-
Трошок за иселениците: За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5 000 долари


