Жителите на провинцијата Сиенфуегос , минатата ноќ околу 08:00 по локално време, виделе на небото блескав предмет, како што велат, бил со големина на автобус.
Предметот потоа се претвори во огнена топка „повеќе од Сонцето”, изјави очевидец, додавајќи дека неколку минути подоцна слушнал силна експлозија. Еден сведок изјавил дека неговиот дом се тресел од експлозија.
Кубанските експерти биле испратени да пребарувате можни остатоци од неидентификуваниот објекти, според пишувањата на медиумите.
Не е познато дали настанот во Куба е поврзан со вчерашната експлозија на метеор во централниот дел на Русија, каде што беа повредени околу 1.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.