| четврток, 6 декември 2018 |

Металург ги гази данските екипи, овие напорно тренираат во Скопје

Металург сигурно ги гази данските екипи, а гостите од Скандинавија имаат интересна практика, да тренираат во Скопје и ден по поразот.

Денеска ракометарите на Колдинг, трчајќи по кејот на Вардар, одработија полесен тренинг, а претходно побарале од раководството на Металург да им обезбеди термин во салата во Автокоманда, но во последен час се откажале.

Вчера македонскиот вицешампион го порази Колдинг со 23-17, а идентична ситуација, со одработен дополнителен тренинг во Скопје, имаше и лани кога гостуваше Бјерингбро Силкеборг.

Тој меч се играше во неделата на 24 февруари, Металург победи со 32-18, а ракометарите на Силкеборг следниот ден по дебаклот тренираа за да ги поправат грешките од дуелот со сините од Автокоманда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top