– Дибиров сигурно нема да биде опериран вечерва, се прават дополнителни испитувања и во текот на утрешниот ден ќе се знаат повеќе детали околу повредата. Клубот ќе излезе со официјално соопштение во текот на неделата – вели Марко Костадиновски од службата за односи со јавност на „црвено-црните“ за Дерби.
Сегашната прогноза е дека Дибиров најверојатно ќе го пропушти само реваншот со Хамбург, но сепак, како што велат од тимот, рано е да се зборува додека не се направат сите потребни прегледи.
Дибиров повредата ја заработи во судирот со ветеранот Хенс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.