Жозе Мурињо и неговите избраници од тимот на Челси немаа милости ниту разбирање за јубилејот на Арсен Венгер и ја наполнија до врв мрежата на Арсенал. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ во лондонското дерби славеше со неверојатни 6-0, а влезот во клубот „1000“ за Венгер беше вистински дебакл.
Денеска менаџерот на Арсенал го славеше илјадитиот меч на клупата на топчиите и стана само четвртиот човек со ваков биланс во англискиот фудбал. Уште на стартот од мечот во петтата и седмата минута пекол за Арсенал и Венгер со голови најавија Ето и Шурле. По нив во листата на стрелците се запишаа и Оскар на двапати и Азар и Салах.
Челси остана на првата позиција во Премиерлигата со 69 бода од 31 натпревари, а зад лидерот се ;Ливерпул и Арсенал со по 62 бода и Манчестер сити, кој го затвора кругот на конкуренти за титулата со 60 бода, но и со 4 меча помалку од Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение